Толку силно го шутна пеналот што буквално ја скина мрежата (ВИДЕО)

Многу често во фудбалот може да се сретне изразот дека некој фудбалер ја скинал мрежата, откако ќе постигне гол кога ќе ја шутне топката навистина силно.

Но, тоа што го стори Емануел Хименез од тимот на Расинг Кордоба е ретко видено. Тој од пенал, во вистинска смисла на зборот ја скина мрежата на голот кој што го стоеше голманот на Сан Лоренцо.

Тој удри најсилно што можеше во втората серија од пенал рулетот во Купот на Аргентина, а неговиот тим се пласираше во наредната, шестнаестфинална фаза.

- Оглас -

Најнови вести