Томас Милер: Против Меси секогаш лесно се справуваме, но со Роналдо беше поинаква ситуацијата

Баерн Минхен уште еднаш покажа зошто е меѓу најдобрите клубови во светот и тоа трае неколку децении. Германскиот гигант иако во своите редови нема ѕвезда од калибарот на Лионел Меси, Килијан Мбапе, Нејмар, Кристијано Роналдо… без многу проблем го елиминираше ѕвездениот тим на ПСЖ со вкупни 3:0 по двата меча.

Томас Милер е фудбалер кој целата кариера ја минува во дресот на Баерн Минхен и многу пати досега имал дуели против Меси или Роналдо. Германскиот репрезентативец направи споредба меѓу двајцата најдобри фудбалери во последниве две децении и констатираше дека на Баерн многу потешко му било да игра против ривал во чии редови е Роналдо.

„Кога сме играле против Лионел Меси, секогаш резултатски добро сме поминувале. На клупско ниво, Кристијано Роналдо ни има создавано многу повеќе пролеми кога беше во дресот на Реал Мадрид. Сепак, не смее да се заборави тоа што Меси го направи на Светското првенство во Катар и како ја предводеше Аргентина до титулата“, рече Милер.

[do_widget id=custom_html-5

- Оглас -

Најнови вести