Голманите на мечот против Данска имаа само пет одбрани, од кои четири беа на Мартин Томовски, додека една на Иван Галевски. Токму Мартин Томовски го анализираше поразот (36-24), а како клучни ги посочи грешките на стартот од натпреварот, кога Данците со серија од 5-0 се одлепи на 8-3.
„Без разлика што Данска е најдобра, ние излеговме на теренот и го дадовме максимумот. Тие технички грешки на почетокот нѐ чинеа скапо и тим како Данска добро знае како тоа да го казни. Овој натпревар може многу да ни помогне како добра подготовка за мечот против Португалија, да ги поправиме тие грешки, да се консолидираме во одбраната и едноставно да бидеме подобри и да атакуваме на позитивен резултат. Иако Португалија игра исто брз ракомет, сепак имаат доста слабости, кои добро ги имаме анализирано. Овој натпревар против Данска видовме како не треба.“ – вели голманот на македонската репрезентација, Мартин Томовски.

