Трикратниот НБА шампион, Клеј Томпсон, сезонава беше мета на критичарите дека не го истакнува целиот свој квалитет. Бекот на „воините“ изминативе години се наметна како еден од најдобрите шутери во лигата, но во последно време неговото главно оружје не му служеше како што посакува.
Сепак, ноќеска Томпсон го намести нишанот, реализираше четири тројки од пет обиди во победата над Портланд трејлблејзерс од 115:105. При една од погодените тројки, тој ја крена десната рака и му пораач: Ми недостасуваше!
Средбата ја заврши како најефикасен од редовите на шампионот со 32 поени и четири скока.