Тони Крос повторно e избран за фудбалер на годината во Германија, дури и откако го објави крајот на својата кариера.
34-годишниот фудбалер, кој го одигра својот последен натпревар при поразот од Шпанија во четвртфиналето на Европското првенство минатиот месец, е првопласиран во изборот на „Кикер“, пред Флоријан Вирц и Гранит Џака од Баер Леверкузен.
„Ова е големо признание за сè што постигнав во изминатата година. И иако ќе биде последен пат кога ме избираат, ова е чест која не се базира само на благодарност кон играч кој ја завршува кариерата. Ова не е награда од сожалување, нема ништо заедничко со возраста или со крајот на кариерата, туку со перформансот на теренот – барем се надевам дека е така“, изјави Тони Крос.
Германецот ја освои својата шеста титула во Лигата на шампионите со Реал Мадрид пред ЕВРО 2024.
Селекторот на Германија, Џулијан Нагелсман, го убеди светскиот шампион од 2014 година да се врати во националниот тим на почетокот на годината.
Тој беше избран за фудбалер број 1 во Германија и во 2018 година.
Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, кој го одведе тимот до првата историска титула во Бундеслигата во мај, е избран за тренер на годината.