Тони Надал посакува Ѓоковиќ да се повреди

Чичкото и некогашен тренер на тенисерот Рафаел Надал, Тони Надал, на шега кажа дека посакува да се повреди Новак Ѓоковиќ, но за многумина ова е невкусна шега и всушност Тони лаже дека е кажано на шега и потајно вистински го посакува тоа.

„Се надевам дека во август Рафа ќе освои олимписки медал, голем оптимист сум. За да успее, моја желба е Новак Ѓоковиќ да се повреди и уште 5-6 најдобри играчи за да може Рафа да стане олимписки првак“, рече Надал.

Рафаел Надал има олимписко злато, го освои во Пекинг 2008 година, а злато од ЛОИ е единственото крупно нешто што му фали на Ѓоковиќ во тениската кариера.

- Оглас -

Најнови вести