Топ квота ако Елмас го даде првиот гол на дербито Наполи – Јувентус, ќе има ли пенал за домаќините?

Наполи со две победи во два меча го пречекува Јувентус кој освои само еден бод во првите две кола од новото првенство во Серија А. Гостите од Торино имаат големи проблеми околу составот бидејќи имаат многу повредени играчи (Киеза, Дибала, Квадрадо, Алек Сандро, Артур, Бентакур, Данило…), а веќе го немаат ниту Кристијано Роналдо кој направи трансфер во Манчестер јунајтед.

За разлика од Старата дама, Наполи е во добар ритам, а домаќините се надеваат и да ја продолжат низата која вели дека тимот од југот на Италија на свој терен се радувал на последните три меча со Јувентус. Во Sport Life овој дерби меч е во понудата за Специјален сингл.

Според најавите, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе биде во стартниот тим на Наполи. Елмас одлично ја почна сезоната и веќе даде гол во првиот меч на стадионот „Диего Марадона“, против Венеција. Понудата за Елмас да биде стрелец на првиот гол е одлична и е со коефициент 11! За гол на Eлмас во било кој момент, квотата исто така е супер и изнесува 4.70.

ТРАДИЦИЈАТА ВЕЛИ ДЕКА ЌЕ ИМА УДАР ОД БЕЛАТА ТОЧКА

Тоа што е картактеристично на последните три меча на овие две екипи е дека Наполи добива пенал. Во сите три ситуации изведувач е Инсиње, а голгетерот на Наполи два пати погодил, а еднаш не реализирал. За да има прв пенал за Наполи на денешниот меч, коефициентот е точно 4.

Може да се обложите и кој ќе го има првиот или последниот корнер, колку вкупно корнери ќе има на мечот, кој прв или последен ќе добие жолт картон, како и тоа во која минута ќе биде постигнат првиот погодок.

Едноставно за да биде поинтересно следење на ова дерби од Серија А, одиграјте го Специјалниот синг во Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести