Топчиите распукаа, за 19 минути дадоа четири гола против Севилја (Видео)

Арсенал на убедлив начин го освои Емирати Купот во Лондон, откако со 6:0 славеше над Севилја. Топчиите кои потрошија преку 100 милиони евра за нови играчи во летниот преоден рок, покажаа фантастична игра и по неполни 20 минути беше јасно кој ќе победи, затоа што домаќините водеа со 4:0.

Букајо Сака од пенал погоди за 1:0 во 10 минута, а потоа во 13 и 15 минута два пати погоди Габриел Жезус. Во 19 минута по втор пат се израдува и Сака за 4:0, што беше резултат на полувремето.

Жезус комплетираше хет-трик со погодок во 77 минута, а точка на голеадата стави Нкетијах со погодок во 89 минута.

- Оглас -

Најнови вести