Топката едвај ја помина гол-линијата, младата репрезентација Македонија губи од Франција

Селекцијата на Македонија за играчи до 21 година губеше само со 0-1 по првото полувреме на гостувањето од квалификациите за ЕП 2023 кај топ-фаворитот во групата, Франција, за која играат ѕвезди како Едуардо Камавинга, кој е нов член на Реал Мадрид, и голманот на Лидс, Иван Мелие.

Голманот Денковски прими два гола. При првиот, топката едвај ја мина гол-линијата по шутот на Мбуку во 26-тата минута. Мбуку ја затресе пречката, по што топката падна зад гол-линијата и судиите проценија дека ова е гол за Триколорите. На 2-0 зголеми Камавинга по пет минути во вториот дел.

- Оглас -

Најнови вести