Брага направи чудо во Шпанија, ќе има англиска пресметка во полуфиналето од Лига на Европа

Екипите на Астон вила, Брага и Нотингем форест се приклучија на Фрајбург во полуфиналето од Лига на Европа. Астон вила немаше никакви проблеми и втор пат убедливо ја победи Болоња, овојпат со 4:0 и со вкупни 7:1 оди во следната фаза во второто по ранг натпреварување на УЕФА.

Меѓу четирите најдобри ќе биде и Брага, која направи подвиг и со 4:2 славеше на теренот на Бетис. По првиот меч резултатот беше 1:1, а вечерва Бетис водеше со 2:0, на свој терен, но португалскиот тим направи подвиг и со четири погодоци по ред, стигна до посакувана победа.

Најнеизвесно беше на реваншот меѓу двата некогашни европски прваци. Откако беше 1:1 по првиот меч, вечерва, Нотингем форест минимално со 1:0 славеше над Порто и оди во полуфиналето. Порто уште во осмата минута остана со фудбалер помалку по исклучувањето на Беднарек, а англискиот тим даде гол во 12 минута за 1:0, момент кој на крајот се покажа како доволен за пласман во полуфиналето.

Прв тим кој обезбеди место во полуфиналето беше Фрајбург.

Според распоредот, во полуфиналето ќе има англиска пресметка меѓу Астон вила и Нотингем форест, како и двомеч меѓу Фрајбург и Брага.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести