Топката го сака Ибра, а тој сака да дава голови (Видео)

Лос Анџелес галакси го победи Монтреал импакт со 2-1 во натпревар од северно-американската МЛС лига, а голот за водство на „галаксијата“ го постигна шведскиот мајстор, Златан Ибрахимовиќ. За популрниот Ибра, ова е 27-ми гол сезонава. Многу од головите кои ги дава се убави и атрактивни, а овој што го даде рано утрово, по малку беше и на среќа, поточно топката среќно се одби до него, пред да му остане последната задача која рутински ја одработе.

Со 27 голови, Ибрахимовиќ е втор стрелец во лигата, зад Карлос Вела. На три меча до крајот на регуларната сезона, Галакси е на третото место во западната конференција, иако пред една недела се најде на позција која значи отсуство од плејофот. Монтреал на два меча до крајот е на три бода зад местата кои водат во разигрувањето.

Погледнете го голот на најдобриот фудбалер во МЛС лигата:

- Оглас -

Најнови вести