Торино го сруши Милан и продолжува да ја сонува Европа

Фудбалерите на Торино забележаа значајна победа во битката за излез во фудбалска Европа и вечерва славеа над Милан со 3-1 на домашен терен. Торино со оваа победа се искачи на деветтата позиција со бод помалку од Фиорентина, која е на посакуваната позиција која води во фудбалска Европа, но „виолетовите“ имаат и натпревар помалку.

Победникот во Торино беше решен уште после првото полувреме полувреме, после кое домашните имаа водство од 2-0. Запата во 26-тата, односно Илиќ во 40-тата минута донесоа големи 2-0 за Торино, а Родригес во 46-тата зголеми на 3-0.

Се што направија фудбалерите на Милан до крајот на мечот е да намалат на 3-1 со погодокот на Бенасер од пенал во 55-тата минута.

Милан и покрај поразот останува второпласиран со 18 поени помалку од новиот шампион на Италија и нивни градски ривал, Интер, но и со седум бодови повеќе од Болоња и Јувентус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести