Торино стигна до првата победа во новата сезона во Серија А откако на гости ја изненади Рома и славеше со 0-1. Стрелец на победничкиот гол на „Олимпико“ беше Џовани Симеоне.
🚨 GOAL | Giovanni Simeone
— Goals Xtra (@GoalsXtra) September 14, 2025
Simeone fires to Roma's goal.
🇮🇹 Roma 0-1 Torinopic.twitter.com/vTmiuX3sNy
Напаѓачот на Торино постигна прекрасен погодок во 59-тата минута, кога со удар од дваесетина метри успеа да го совлада Миле Свилар.
За Рома ова беше прв неуспех во новиот шампионат, додека Торино со четири бода се приклучи кон средишниот дел од табелата во Серија А.