Торино си страда од пеналите, Копмајнерс по стапките на Ван Бастен

Аталанта го победи Торино со 3-1, а Болоња и Салернитана одиграа 1-1 во двата вечерашни натпревари од италијанската Серија А.

Пеналите ја одбележаа вечерта. Аталанта двапати шутна и реализира од белата точка, а и Арнаутовиќ од Болоња даде гол од 11 метри. Со победата, Аталанта го презеде првото место на табелата.

Торино е тим против кој се шутнати седум пенали во 2022 година, а Теун Копмајнерс, кој ги даде сите три гола, стана прв Холанѓанец по Марко ван Бастен од 1992 година кој направил хет-трик на меч од италијанската Серија А.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести