6.8 C
Skopje
понеделник, 26 јануари 2026

Торонто го изненади шампионот, и тоа на гостински терен (Видео)

Пет интересни меча се одиграа ноќеска во НБА-лигата, а најголемото изненадување го направи Торонто, кој успеа да победи на гостински терен кај шампионот Оклахома со 103:101. За Оклахома ова е втор пораз по ред на домашен терен, вкупно десети сезонава. Торонто стигна до четврта победа во низа, вкупно 29-та сезонава во 48 меча.

Шеј Гилџус Александер беше прв стрелец на мечот со 24 поени, но тоа не беше доволно неговиот тим да победи. Оклахома водеше со 94:89, но Торонто со серија од 12:3 направи пресврт и во финишот стигна до неочекувана победа.

Во останатите мечеви кои се одиграа: Минесота – Голден стејт 85:111, Сан Антонио – Њу Орлеанс 95:104, Феникс – Мајами 102:111 и ЛА клиперс – Бруклин 126:89.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести