Елверум повторно води по првото полувреме во Скопје против Вардар, денеска со 20:17 во вториот меч што го играат двете екипи во Лигата на шампионите во краток рок од три дена.
Предноста на гостите по 30 минути игра е три гола, најмногу благодарение на извонредниот голман Торстен Фрис, кој имаше дури 10 одбрани во првото полувреме.
Вардар поведе и имаше најголема предност од 9:6, но се разбрани Фрис и гостите стигнаа дури и до целосен пресврт и предност од 14:12. Елверум продолжи по нотите на извонредниот голман и имаше и најголема предност од 4 разлика во финишот на првото полувреме, кога водеа со 18:14.
WATCH: Thorsten Fries, wondering if the ball he just saved is ever going to appear again⛔️@ElverumHandball #ehfcl #showtimeforchampions pic.twitter.com/jL8XogP0N8
— EHF Champions League (@ehfcl) February 24, 2021
Тимур Дибиров беше најрасположен за игра кај Вардар во првиот дел и постигна 6 гола, со што е најефикасен ракометар на мечот. Три гола постигна Гоце Георгиевски, а „црвено-црните“ пак губат по 30 минути игра, како и на претходниот меч што се играше на 21 фервруари, кога беше 21:20 за Елверум по првото полувреме, а на крајот завршни нерешено 34:34.