Тотална лудница на првата трка и во Мото ГП (Видео)

Ако за денешната трка во Формула 1 во Бахреин се мислеше дека е драматична, тогаш што да се каже за почетокот на новата сезона во мотоциклизам, во кралската класа Мото ГП, возена во Катар.

Победи Маверик Вињалес, но вистинска драма имаше во битката за втората позиција. Актуелниот првак Жоан Мир беше во предност, но прешироко влезе во последната кривина и тоа го искористија возачите Јохан Зарко и Франческо Бањаја кои во целната рамнина го претркаа Мир, па тој остана без подиум.

https://twitter.com/i/status/1376230136576536576

- Оглас -

Најнови вести