Драма во Бахреин, Ферстапен ја имаше победата в раце, но му ја подари на Хамилтон

Првакот и пилот на Мерцедес, Луис Хамилтон, извојува голема победа на Формула 1 трката за Големата награда на Бахреин. Тој триумфираше во драматична трка, во која Макс Ферстапен од Ред Бул на три круга изби на прво место, но врвот го задржа само неколку стотини метри, направи една грешка и со сите тркала се најде надвор од патеката, па Британецот си го поврати првото место и на крај прв мина низ целта.

Хамилтон трета година по ред победува во Бахреин, а ова му е прва победа во воведна трка во шампионатот после шест години. Ферстапен е главниот губитник бидејќи беше најбрз на сите тренинзи и на квалификациите, но стратегијата на Мерцедес и искуството на Хамилтон му помогнаа на седумкратниот првак да триумфира.

На оваа трка, Хамилтон постави рекорд во Формула 1 како пилот со најмногу извозени кругови на прво место во историјата на овој спорт. Третото место го освои Валтери Ботас, а бодови освоија и Норис, Перес, Леклер, Рикјардо, Саинс, Цунода и Строл.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести