1001 Брентфорд – Тотенхем (Англија, Премиер лига, 13.30 часот)
Брентфорд има главна цел да обезбеди опстанок во Премиер лигата, а во втората сезона како прволигаш игра многу солидно и со учинок 4-7-4 и 19 бода е на десеттото место.
Пчелите беа во добар ритам пред стартот на Мундијалот и имаа серија од три меча без пораз, а во последниот меч пред прекинот на првенството го нокаутираа шампионот Манчстер сити со победа од 2:1 на гости.
Интересно е што на последните пет меѓусебни дуели на Брентфорд и Тотенхем, едната или и двете екипи не даваа гол, па време е да се прекине серијата.
Предлог тип: ГГ (1.63)
1002 Лестер – Њукасл (Англија, Премиер лига, 16 часот)
Лестер имаше лош старт во новата сезона во Премиер лигата, но со четири победи на последните пет прволигашки дуели се извлече од опасната зона.
Лисиците имаат само еден пораз на последните 9 натпревари во сите конкуренции и потврдија дека тим што ги има Варди, Ихеаначо, Медисон, Тилеманс… заслужува подобар пласман од 13-тото место на кое се сега.
Њукасл е хит во Премиер лигата, Чавките играат многу добар фудбал и само со еден пораз на 15 натпревари се на третото место и ја сонуваат и титулата.
Ако го прегрмат ова гостување со победа, тогаш амбициите ќе пораснат, а „црно-белите“ ќе добијат мотив плус во трката за врвот.
Сепак, Лестер е во топ-форма и ќе биде тврд орев на свој терен, па во дуел на две екипи што играат офанзивно ќе типуваме на голови.
Предлог тип: 3+ (1.85)
1004 Евертон – Вулверхемптон (Англија, Премиер лига, 16 часот)
Вулверхемптон смени тренер, си замина Бруно Лаж, а дојде Стив Дејвис и нема некакви значајни промени.
Волците забележаа само една победа и реми и дури пет порази под команда на новиот тренер и се последни на табелата само со 10 бода во 15 кола.
Чудна им е сезоната бидејќи навистина имаат квалитетен тим, но во силна лига каква што е англиската ако не тргне како што треба, потоа е тешко да се игра со императив на плеќите.
Во слична ситуација се и Евертон и Франк Лампард бидејќи и Карамелите имаат многу солиден состав и слаби резултати.
Со 14 бода се само една позиција над опасната зона за испаѓање, па и за нив секој бод, и особено победа се драгоцени.
Овде ќе се игра цврсто, не смее да се загуби, па типуваме дека во тврд меч ќе нема победник.
Предлог тип: Х (3.40)
1006 Астон вила – Ливерпул (Англија, Премиер лига, 18.30 часот)
Сите во Астон вила сигурно со радост се потсетуваат на спектаклот од пред две години, кога на домашен терен го декласираа Ливерпул со 7:2, во неповторлив меч.
Тоа е минато, а потоа Ливерпул возврати со четири победи по ред, едната од нив во ФА купот и три во Премиер лигата.
И сега избраниците на Јирген Клоп се фаворити, но имаа многу играчи на Мундијалот и тоа може да биде проблем за нив.
Клоп сигурно не може да смета на Жота, Дијас, Фирмино, Милнер, а неизвесен е и настапот на Конате и на Александер-Арнолд.
Кај домаќините сигурно нема да играат Рамзи и Карлос, неизвесен е и Кутињо, а интересен е случајот со голманот Мартинес.
Тоа значи дека Мартинес денеска нема да брани за Астон вила официјално поради продолжен одмор.
Ливерпул е фаворит, но ќе ја почитуваме традицијата која покажува дека на три од последните четири меѓусебни натпревари погоден бил типот „Х било кога“.
Предлог тип: Х било кога (2.02)
1607 Арсенал – Вест хем (Англија, Премиер лига, 21 часот)
Арсенал ќе биде на тежок испит на градското дерби на Лондон против Вест хем. Поради повреда, Топчиите ќе го немаат во тимот неверојатниот Габриел Жезус.
Брзилецот се повреди на Мундијалот во Катар и е опериран, па не може да игра, а тој е веројатно и главната алка во тимот на лидерот.
Нема да настапи и Зинченко, а неизвесен е и Томијасу, па веројатно Арсенал ќе ги нема двата леви бека и ќе бара чаре за таа позиција, а речиси сигурно на тоа место ќе почне Тирни.
И Вест хем има големи проблеми, Зума е повреден и нема да игра, а неизвесен е настапот на напаѓачите Антонио, Скамака и Корне, а не се знае дали и Кресвел ќе може да помогне.
Ова е многу значаен меч за лидерот Арсенал за да ја задржи разликата од пет бода пред Манчестер сити и типуваме дека на Боксинг деј ќе им подари празнична победа на навивачите.
Предлог тип: 1 (1.67)