Конте единствен има храброст да се побуни: Глупаво е да играме 7 дена по Мундијалот, цел тим ми е неподготвен

Утре е голем ден за англискиот фудбал и ќе се игра на познатиот датум, 26. декември, или на „Боксинг деј“, што е ден за подарок за навивачите, но и на само 7 дена откако заврши Мундијалот во Катар.

Англичаните ќе играат со забрзано темпо, неколку кола за време на празниците, што им пречи на многумина, но само Антонио Конте јавно се побуни.

„Јасен ми е концептот и што значи Боксинг деј за англискиот фудбал, но распоредот е лош.

Тотенхем имаше 12 фудбалери на Мундијалот во Катар и сега тие не се во најдобра форма, а нормално е и да се малку заситени од фудбал, аклиматизција, густ ритам и распоред на натпревари.

Имам ситуација на одлично подготвени фудбалери кои тренираа четири седмици за време на Мундијалот и дури цел тим што играше во Катар и не е на највисоко ниво на физичка подготвеност“, вели Конте.

Утре Тотенхем ќе му гостува на Брентфорд од 13.30 часот во меч од 17. коло во Премиер лигата.

Потоа, на првиот ден од новата 2023 година Тотенхем ќе и биде домаќин на Астон Вила, па на 4. јануари ќе го игра лондонското дерби со Кристал Палас и на 7. јануари му следи дуел од ФА купот на Англија против Портсмут.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести