Тотенхем без Љорис и Али ќе атакува на Ливерпул

Голманот и капитенот на Тотенхем, Уго Љорис, поради повреда на бутниот мускул, ќе отсуствува од терените неколку недели. Со слични проблеми се соочува и младата англиска ѕвезда Деле Али, кој ги повреди препоните за време на репрезенативната пауза, но неговото закрепнување ќе трае само неколку дена.

Ова се лоши вести за менаџерот на „спарсите“, Маурисио Покетино, само на два дена од закажаното дерби против Ливерпул во Премиер лигата.

„Секако дека сум разочаран, но ситуацијата е таква и ќе мора да се соочиме со Ливерпул без Али и Љорис. Затоа постојат измени и алтернативи“, истакна Покетино.

Она што може да ги израдува фановите на Тотенхем и да им даде надеж за победа е враќањето на Сон Хонг-Мин во составот, откако офанзивецот ги заврши репрезентативните обврски на Азиските игри, каде што со Јужна Кореја стигна до златниот медал.

- Оглас -

Најнови вести