Тотенхем блиску до второ големо засилување

Тотенхем е блиску до реализација на ангажманот на Џовани Ло Селсо од Бетис. За услугите на Аргентинецот е предвидено да потрошат околу 60 милиони евра, откако се појавија информации дека клубот од Лондон успешно ги завршил преговорите околу личните услови на фудбалерот. Ло Селсо ќе потпише петгодишен договор со Петлите, според кој ќе заработува до четири милиони евра по сезона.

Бетис иако го откупи офанзивниот играч за врска од редовите на ПСЖ за 22 милиони евра со отворањето на летниот преоден рок, со оглед на тоа дека го доведоа Набил Фекир од Лион, Ло Селсо стана вишок од кого на крајот шпанскиот клуб ќе оствари одлична заработка од неговата продажба.

Инаку тимот на Маурисио Покетино досега за засилувања потроши малку повеќе од 70 милиони евра за услугите на Танги Ндомбеле од Лион и Џек Кларк од Лидс.

- Оглас -

Најнови вести