Натпреварите од второто и третото по ранг европско клупско натпреварување се дел од понудата со Квотите на денот на Sport Life. Вкупната квота на петте предлози изнесува 50.2, додека поединечно квотите се движат помеѓу 2.00 и 2.50.
Рома е голем фаворит против Динамо Загреб, па квотата од 2.05 ќе биде добитна само ако домашните постигнат барем еден гол во првото полувреме, но и најмалку два на целиот натпревар.
Ефикасен фудбал се очекува во Швајцарија, на мечот помеѓу Ст. Гален и Фиорентина. Најголемата квота во оваа понуда, 2.50, ќе биде добитна доколку во првото полувреме има еден или два гола, но и најмалку три на целиот натпревар.
Квотата од 2.00 за мечот помеѓу Тотенхем и АЗ Алкмар ќе биде добитна само ако домашните победат во ефикасен натпревар, на кој ќе има голови и во првото и во второто полувреме.
Голови се очекуваат од екипата на Лион, и тоа најмалку два во дуелот против Бешикташ. Доколку домашните успеат во тоа, но и ако гостите баерм еднаш ја затресат нивната мрежа, квотата од 2.45 ќе биде добитна.
Од фудбалерите на Манчестер јунајтед се очекува да не загубат на гостувањето кај Фенербахче, а доколку го направат тоа во меч на кој ќе има помеѓу два и пет гола, тогаш квотата од 2.00 ќе биде добитна.