Тотенхем ги има Сон и Кејн, добри 15 минути на Шкендија се малку за подвиг (Видео)

Тотенхем ги има Сон Хеунг-мин и Хари Кејн, двајца извонредни фудбалери кои ги разрешија сите дилеми околу победникот во Скопје и со голови му донесоа победа на фаворитот против Шкендија со 3:1.

Добрите 15 минути на тетовци на стартот од второто полувреме и феноменалниот гол на Валмир Нафиу за 1:1 во 55-тата минута сепак не беа доволни за подвиг.

Бесарт Ибраими веднаш по израмнувачкиот гол, имаше добра ситуација да го проигра Нафиу за позиција за гол, што можеше да донесе комплетен пресврт, но чудо не се случи во Скопје.

Во 70-тата минута отпадок пред голот на Шкендија искористи Сон за предност на гостите од 2:1, а потоа на сцена стапи и Кејн со трет гол за Тотенхем и победа на фаворитот од 3:1.

Во првото полувреме, Ерик Ламела со прецизен удар во петтата минута му донесе стартна предност на англискиот гигант, кој ќе патува во Хаифа на мегдан со Макаби за место во групната фаза во Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести