Сон ја продолжи стрелбата, Тотенхем повторно води во Скопје (Видео)

Тотенхем повторно има предност во Скопје против Шкендија, а Сон Хеунг-мин постигна уште еден гол, по четворката против Саутхемптон, и потврди дека е во страшна форма.

Јужнокореецот искористи одбиена топка во 70-тата минута и рутински погоди од близина.

Претходно, во 55-тата минута Валмир Нафиу израмни со феноменален гол, но радоста на тетовци траеше само 15 минути.

Гостите од Лондон поведоа со голот на Ерик Ламела во петтата минута, а по голот на Сон, се блиску до пласман во финалето во квалификациите за настап во Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести