34.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Тотенхем го купи играчот кој Мурињо го мразеше како противник

 

Тотенхем го официјализираше трансферот на Мет Доерти од Вулверхемптон за ефтина сума од 13,4 милиони фунти (15 милиони евра). Ирскиот репрезезнтативец потпиша четиригодишен договор со Петлите и тој е трето засилување за ова лето по Пјер-Емил Хојбјерг и Џо Харт.

Жозе Мурињо за сега веќе поранешниот десен бек на Волците велеше дека го мрази како противник поради неговиот квалитет, а сега му е мило што ќе го менаџира.

„Мразев кога игравме против Мет, така што мило ми е што повеќе нема да ни биде противник. Исто така ми е мило што добивме квалитетен бек како него“, истакна Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести