3.8 C
Skopje
вторник, 13 јануари 2026

Тотенхем ја доби трката со Астон вила за Конор Галахер

Тотенхем е блиску до финализирање на трансферот на фудбалерот за врска на Атлетико Мадрид, Конор Галахер, за сума од 40 милиони евра. Лондонскиот клуб успеа да ја добие трката со Астон вила за потписот на англискиот репрезентативец.

Иако првично се сметаше дека Астон вила е фаворит за неговото ангажирање, Тотенхем експресно најде заеднички јазик со Атлетико и со 25-годишниот играч.

Клучниот момент во преговорите беше подготвеноста на Тотенхем веднаш да ја плати побараната сума од Атлетико, додека клубот од Бирмингам посакуваше позајмица со опција за откуп.

Останува официјалното усогласување на личните услови на играчот, но се очекува тоа да биде само формалност.

Галахер сака трансферот да се реализира уште пред натпреварот на Атлетико Мадрид против Депортиво Ла Коруња за Купот на Кралот, кој се игра вечерва.

За Галахер, враќањето во Премиер лигата е стратешки потег. Тој сака да си го врати местото во англиската репрезентација под водство на Томас Тухел пред претстојното Светско првенство ова лето. Досега тој има само еден настап кај германскиот стратег, и тоа 59 минути во пријателски натпревар против Сенегал.

- Оглас -

Најнови вести