Тотенхем ја одреди цената за Кејн и не може секој да ја плати

Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, ја одреди сумата за која е подготвен да го продаде капитенот, Хари Кејн, таа изнесува 110 милиони евра.

Кејн има договор со Тотенхем до идното лето, а бидејќи екипата не може да се бори за титулата во Премиер лигата во конкуренција со Манчестер сити, Арсенал, Манчестер јунајтед, одби да потпише нов договор со Петлите и најави заминување и тоа во тим со кој ќе освојува трофеи.

Минатото лето голем интерес за Кејн пројави Манчестер сити кој достави и официјална понуда која беше одбиена по што граѓаните го купија Ерлинг Халанд.

И Манчестер јунајтед пројавуваше интерес за услугите на Кејн, како и Баерн Минхен кој најави дека и ова лето ќе се обиде да дојде до потписот со англискиот репрезентативец.

„Леви нема воопшто да ги разгледува понудите кои ќе бидат помали од 110 милиони евра. Тој јасно им стави до знаење на сите, нема да има преговори, или ќе биде платена отштетата или не“, објави „Фудбал Инсајдер“.

- Оглас -

Најнови вести