Тотенхем ја прегази Астон Вила и го оддалечи Манчестер јунајтед од Европа (Видео)

Тотенхем со неочекувано убедливата победа од 4-0 на гостувањето кај Астон Вила, покажа дека има намера да го освои четвртото место кое води во Лигата на шампионите.

Сите четири гола паднаа во второто полувреме и тоа на двапати по два гола во секвенци од по три минути.

Сега Петлите од Лондон имаат два бода помалку од четвртата Астон Вила, а имаат и еден меч помалку. Победата на Тотенхем е лоша вест за Манчестер јунајтед кој е шести со шест бода помалку од Тотенхем, а само до петто место носи излез на европска сцена.

Поразот од 0-4 е еден од двата најтешки домашни порази во кариерата на тренерот Унаи Емери. Тој како тренер на Спартак Москва пред 12 години загубил со 1-5.

Ова е голот на Тимо Вернер со кој се комплетираше голедата:

https://twitter.com/i/status/1766840208476053581

- Оглас -

Најнови вести