Тотенхем како замена за Кејн го сака напаѓачот кого ПСЖ го гледа како наследник на Мбапе

Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, го означи напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Рандал Коло Муани, како главен приоритет во летниот преоден рок, и кој треба да претставува замена за Хари Кејн.

Леви е свесен дека не може да го задржи Кејн, напаѓачот на кого договорот му истекува идното лето, одби да потпише нов договор со премиерлигашот кој ќе му носеше рекордни 400.000 фунти неделно, бидејќи сака да ја продолжи кариерата во Баерн Минхен.

Кејн ги договорил личните услови со германскиот шампион кој му го нуди тоа што не може Тотенхем – трофеи и битка за титулата во Лигата на шампионите.
Сопственикот на Тотенхем, Џо Луис, веќе му дал зелено светло на Леви да го продаде Кејн и веднаш да ја донесе неговата замена.

Леви сака да го ангажира Коло Муани за 80 милиони евра, но проблем за него претставува податокот дека интерес за францускиот репрезентативец пројавува ПСЖ кој бара замена за Килијан Мбапе.

ПСЖ веќе еднаш тропна на вратата на Ајнтрајт и беше одбиен бидејќи челниците на германскиот тим бараат 100 милиони евра отштета.

- Оглас -

Најнови вести