Брајтон води со 2:0 против Тотенхем по првото полувреме од дуелот кој се игра во рамките на 19-тото коло од Премиер лигата.
Домашните фудбалери по подолга пауза одиграа одлични 45 минути, во кои доминираа против Петлите иако им го препуштија поседот на топката (38-62 отсто). Фудбалерите на Брајтон упатија дури пет удари во рамките на голот на Викарио и два завршија во мрежата, додека гостите ниту еднаш не се заканија.
Резултатот го отвори Џек Хиншелвуд во 12-тата минута, додека на 2:0 зголеми Жоао Педро од пенал во 23-тата минута.
Брајтон во 37-мата минута даде уште еден гол преку Буонаноте, но беше поништен поради офсајд.