Тотенхем приреди уште едно разочарување на свој терен и одигра 1:1 против последнопласираниот Ватфорд, во меч од 9. коло на Премиер лигата. Лондонскиот тим беше голем фаворит пред мечот, но тоа не значеше дека гостите се предвреме предадени. По само шест минути од почетокот на мечот, Ватфорд со погодокот на Абдулаје Дукур стигна до 1:0, а потоа следеше доминантна игра на домаќините.
Лондонскиот тим имаше речиси 70 отсто посед на топка, создаваше шанси, но тоа не беа некои опасни можности. На крајот, Тотенхем се спаси од пораз и тоа благодарение на Деле Али. Англискиот репрезентативец со погодок во 86 минута донесе малку радост за домашните фанови, иако еденосвоен бод против тимот кој е фенерџија во првенството, сигурно не е успех.
И Челзи даде еден гол на свој терен, но тој беше доволен за победа против Њукасл и доаѓање до 17 бода, колку што има и Лестер кој пред домашната публика со 2:1 го победи Барнли. Во останатите денешни меча: Евертон – Вест хем 2:0, Астон вила – Брајтон 2:1, Борнмут – Норич 0:0 и Вулверхемптон – Саутемптон 1:1.