-0.2 C
Skopje
петок, 16 јануари 2026

Тотенхем останува без Ришарлисон во наредните седум недели

Напаѓачот на Тотенхем, Ришарлисон, ќе отсуствува околу седум недели поради повредата на бутниот мускул што ја заработи за време на натпреварот од ФА купот против Астон Вила. Ова денеска го потврди менаџерот Томас Франк.

„За жал, Ришарлисон доби повреда на бутниот мускул што ќе го оддалечи од терените околу седум недели. Лукас Бергвал може да биде на располагање во недела, како и Ив Бисума. Дестини Удоџи и Доминик Соланке ќе бидат во конкуренција за тимот“, изјави Франк на денешната прес-конференција.

Данецот изрази задоволство и од брзиот трансфер на Конор Галахер, кој вчера официјално беше доведен од Атлетико Мадрид за 34 милиони фунти.

„Мислам дека Конор Галахер е врвно засилување. Немам доволно пофални зборови за сопствениците што го реализираа овој трансфер толку брзо. Тој е многу квалитетен играч со големо искуство во Премиер лигата и Ла Лига. Конор е токму тоа што ни е потребно“, истакна Франк.

„Одлично знам како функционира фудбалскиот свет. Свесен сум дека не ги постигнавме резултатите што ги посакуваме, но ги гледам малите чекори што постојано ги правиме. Последните шест натпревари ги оценувам како позитивни настапи, иако не беа совршени. Сега нѐ очекува големо лондонско дерби против Вест Хем. Ако ја споиме играта од првото полувреме против Сандерленд и второто полувреме против Астон Вила, можеме да одиграме одлично и да победиме“, додаде менаџерот Томас Франк.

- Оглас -

Најнови вести