33.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Тотенхем поднесе жалба за црвениот картон на Сон

Тотенхем поднесе жалба до англиската асоцијација за црвениот картон кој го заработи Хјон Мин Сон во дербито против Челзи изминатиов викенд. Во поразот на Петлите од 0-2, Кореецот беше исклучен поради неспортскиот потег во обид да го удри Антонио Рудигер, откако судијата Мартин Тејлор се консултираше со ВАР-собата.

За директен црвен картон се добива најмалку два меча суспензија, но Жозе Мурињо смета дека казната нема да биде драконска.

„Се надевам дека Сон нема да биде петпати казнет. Еднаш доби казна кога Рудигер направи прекршок врз него. Вториот пат беше црвениот картон. Трета казна би била да не игра против Брајтон, четврта да не игра против Норвич, а петтата казна е ако го пропушти и мечот со Саутхемптон. Се надевам дека две казни се доволни, не ги заслужува останатите“, истакна Мурињо.

За Сон ова е втор црвен картон во оваа сезона. Претходно беше исклучен во ремито против Евертон од 1-1, кога при остар старт му ја скрши ногата на Андре Гомес, меѓутоа по прегледот на снимките англиската ФА ја смени одлуката.

- Оглас -

Најнови вести