1009 Челзи – Тотенхем (21:15 ч.)
Двата лондонски тима имаат свои калкулации. Челзи со триумф може да брка и позиција која ќе им даде излез во Европа, додека Тотенхем е во многу полоша ситуација. Гостите уште немаат обезбедено опстанок, но доволно е да освојат еден бод вечерва на „Стемфорд бриџ“ за да бидат сигурни дека нема да испаднат.
Челзи повеќе од два месеца нема победа во првенството (шест порази и едно реми), па тоа треба да е шанса за Тотенхем. Сепак, традицијата е на страната на Челзи, кој има пет победи по ред со овој ривал. Ако се погледнат последните 19 меѓусебни дуели, Тотенхем има само една победа над Челзи, но сега гостите се тие на кои повеќе им е потребен барем еден бод.
Предлог тип: Х2&2-4 (2.70)
1010 Борнмут – Манчестер сити (20:30 ч.)
Борнмут има одлична сезона и е само со два порази на свој терен сезонава (има и седум победи и девет нерешени), што значи дека Манчестер сити ќе има тешка задача. Сепак, јасно е дека Граѓаните имаат влог наречен титула и ќе бркаат триумф.
Борнмут нема пораз на последните 16 меча во Премиер лигата (осум победи и осум ремија), а јасно е дека головите не треба да недостасуваат.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.81)
1657 Генк – Антверпен (20:30 ч.)
Генк со 34 бода има исто колку и лидерот Стандард Лиеж, кој гостува кај третиот Вестерло, кој има 33 бода. Токму затоа Генк едноставно не смее да си дозволи луксуз и да не слави над Антверпен, кој нема посебен мотив за игра и веќе нареди три порази во последните три кола.
Предлог тип: 1&0-3 (2.55)
3011 Монца – Јуве Стабија (20 ч.)
Реванш-меч од плејофот за пласман во Серија А. Првата средба заврши 2:2, а сега Монца е фаворит за победа на свој терен. Оваа сезона овие два тима одиграа три меча и сите три завршија со гол-гол и минимум три погодоци.
Монца заврши на третото место во Серија Б, додека Јуве Стабија како семдопласирана екипа дојде во плејофот и реално е аутсајдер во оваа ситуација.
Предлог тип: 1-1 (2.95)
2621 Хелсингборг – Варберг (19 ч.)
Меч од осмото коло во шведското првенство, а Хелсингборг е тим кој има најдобар биланс на свој терен со три победи и едно реми. Варберг сезоната ја започна со пораз, но потоа нареди три победи и три ремија.
Хелсингборг има неверојатна гол-разлика од 15 дадени и 14 примени гола, што знали дека во просек прима и два по два погодоци и тоа треба да е доволен знак дека престои интересен дуел со многу погодоци.
Предлог тип: Т1 1+I & 1+II (4.30)

