Екипата на Комо има сезона како од соништата во Серија А. На едно коло до крајот на првенството, Комо е на петтото место само со два бода помалку од четвртата Рома. Тоа значи дека во последното коло Комо ќе има шанси да се бори дури и за пласман во Лигата на шампионите.
Во последното коло Комо ќе гостува кај Кремонезе, кој се бори за опстанок, што само покажува колку овој меч е важен за двата клуба. Во пресрет на гостувањето кај Кремонезе, Комо се соочи со еден неочекуван проблем, а е поврзан со аргентинскиот играч за врска Нис Паз.
Аргентинскиот репрезентативец моментално е повреден и поради тоа го пропушти претходниот меч против Парма. Паз има повреда на коленото, но во Комо верува дека тој ќе биде подготвен да игра против Кремонезе. Оваа одлука на Комо воопшто не им се допадна на луѓето од Аргентинската фудбалска федерација затоа што се плашат дека Паз не е доволно закрепнат и може повторно и посериозно да се повреди, па потоа да не биде подготовен за настап во аргентинскиот дрес на Светското првенство кое започнува за 20-тина дена.
: There is currently a growing CONFLICT between Como 1907 and the Argentina National Team over Nico Paz’s injury situation.
The Italian club want Nico Paz to play in their final Serie A match of the season, while Argentina are pushing to keep him OUT in order… pic.twitter.com/Sf4ENdkiCZ
— The Touchline | (@TouchlineX) May 19, 2026
Гаучосите решија дури и да испратат свој доктор во Комо за да ја следи здравствената состојба на Паз и потоа тој да даде мислење дали фудбалерот е подготвен да игра или не. Аргентинците се категорични дека Паз треба да го прескокне дуелот против Кремонезе и воопшто да не ризикува пред настапот на Мундијалот.
Сепак, медицинскиот тим на Комо верува дека Паз може да игра, па останува да видиме дали Аргентинецот ќе се појави на теренот во Кремонезе во последното коло од Серија А за оваа сезона. Паз постигна 12 гола и додаде седум асистенции во 35 натпревари сезонава.

