Навивачите на Шкендија се пофалија со „арсеналот“ кој го имаат подготвено за финалето на Купот (Фото)

Само уште еден ден остана до одигрувањето на финалето во Купот на Македонија меѓу Шкендија и Силекс. Традиционално, Арената „Тодор Проески“ ќе биде домаќин на завршниот меч, кој ќе се игра утревечер, со почеток од 20 часот.

Шкендија има обезбедено излез во Европа за следната сезона, додека Силекс мора да победи ако сака да има меѓународен предизвик летово. Сепак, јасно е дека двата тима го посакуваат трофејот во Купот.

Двата финалисти се очекува да имаат поддршка и од своите навивачи, а билетите се веќе во продажба. Фановите на двата клуба ќе бидат сместени на Северната трибина, а од Тетово, односно од навивачката група „Балисти“, на социјалните мрежи се пофалија како се подготвуваат за ова финале. Јасно е дека навивачите на Шкендија имаат обезбедено многу факли, светлечки навивачки реквизити кои се традиционален декор на важни натпревари.

- Оглас -

Најнови вести