Тотенхем беше единствениот тим во англиската Премиер лига кој во летниот преоден рок не купи ниту еден играч. Лондончани веруваа дека имаат доволно квалитетен тим и пред почетокот на сезоната не потрошија ниту едно евро за ниви играчи. Одлуката да не трошат се покажа и како добра, бидејќи тимот ја помина групната фаза од Лигата на шампионите (извиси Интер), а во домашното првенство се на третото место, со шест бода зад лидерот Ливерпул.
Сепак, ако сакаат да бидат уште поконкурентни и да се борат за некој од трофеите, Тотенхем ќе мора да се засили. Според најавите, лондончани се подготвени да пазарат, и тоа кај актуелниот европски првак Реал Мадрид. На радарот е шпанскиот репрезентативец Марко Асенсио.
Офанзивниот играч минатата сезона играше одлично, но сезонава го загуби дури и местото во стартниот тим. Токму затоа, можно е Асенсио и сам да побара да си замине. Останува да се види дали ќе биде договорена сумата за трансфер. Се проценува дека вредноста на Шпанецот е околу 100 милиони евра.
Интересно е тоа што во последниве неколку години Реал на двапати ги купи најдобрите играчи на Тотенхем, кога на „Сантијаго Бернабеу“ дојдоа Лука Модриќ и Герет Бејл.