Тоти се присеќа на старите добри времиња: За дербито меѓу Рома и Лацио се збореше три месеци пред почетокот на мечот

Лацио и Рома за половина час го играат големото градско дерби во најинтересниот меч од шестото коло во Серија А лигата. Двата гиганти од Рим, низ историјата воделе голем број на битки, кои биле предводени од легендарни фудбалски имиња.

Едно од најголемите, ако не и најголем е секако Франческо Тоти, легендарниот капитен на Рома, кој имаше интересна изјава во која се присетуваше на старите добри времиња во Серија А.

„Пред 20 години, за овој натпревар се зборуваше 3-4 месеци пред да биде одигран. За некои навивачи победа против големиот ривал е позначајно отколку да се освои титулата во првенството. Јас се надевам дека Рома ќе успее да победи вечерва, и дека на крајот ќе се радува на титулата во Серија А“ рече Тоти.

Во целата своја кариера која ја мина во Рома, Тоти постигна 250 погодоци, на 619 одиграни натпревари.

- Оглас -

Најнови вести