Традиција си е традиција, Реал Сосиедад и по 27-ми пат по ред загуби на „Камп ноу“

Со голот на Усман Дембеле во 52-рата минута, Барселона го победи Реал Сосиедад со минимални 1-0 и се пласира во полуфиналето на шпанскиот куп.

Работата на Каталонците им беше олеснета по исклучувањето на Браис Мендес во 40-тата минута, а и еден гол им беше доволен за да одат понатаму.

Баскискиот тим има неверојатно ужасна серија на гостувањата на „Камп ноу“. Губат во Барселона дури 27 пати по ред. Последната победа на најголемиот стадион во Европа им беше во мај 1991 година, и тоа во меч кој за Барса не беше важен бидејќи веќе ја имаше обезбедено титулата. Вечерва тие беа и некомплетни, па работата им беше претешка.

Инаку, Дембеле е талисман на Барселона, кога тој давал гол, тимот никогаш не загубил. За Барса ова е 11-то полуфинале во последните 13 сезони од купот.

- Оглас -

Најнови вести