Традицијата го фаворизира Ливерпул, но и „светците“ се во форма

Во најсилните лиги во Европа денеска се играат малку натпревари, но сите се интересни на свој начин бидејќи тимовиte си имаат свои математики. Обложувалниците Sport Life стандардно нудат три квоти на денот, а ние како додаток уфрливме по еден меч од португалската и турската лига.

Мајнц – Фрајбург (20.30 часот)

Ова се два тима од средината на табелата. Мајнц е во серија од четири порази, а на тие четири меча даде вкупно два гола и уште нема нерешен резултат во 2019 година. Со Вердер и Баерн прими вкупно девет гола. Фрајбург го изненади Баерн, но есеноска загуби дома од Мајнц, додека потоа одиграa пријателска која заврши 2-2.

Предлог тип: 1+I& 3+ (2.15)

 

Бордо – Олимпик Марсеј (20.45 часот)

Бордо е далеку од битката за излез во Европа, но не му е загрозен ниту прволигашкиот статус. Дома има само три порази сезонава. Марсеј се оддалечи од местата кои водат во ЛШ, па mu останува трката за Лигата на Европа. На гостувањата, Марсеј не е баш опасен. На претходните осум меѓусебни дуели секогаш беше 0-2 гола.

Предлог тип: Х2 & 2-4 (2.20)

 

Саутхемптон – Ливерпул (21.00 часот)

„Светците“ се преполни со оптимизам откако во претходните две кола ги совладаа Тотенхем дома и Брајтон на гости. Сега Саутхемптон малку се извлече од опасната зона, има пет бода плус од третиот од долу. Ливерпул се бори за титула, во минатото коло се извлече со многу среќа против Тотенхем и нема право на грешка. Традицијата е на страна на Ливерпул, на последните три меѓусебни меча, гол-разликата е 8-0.

Предлог тип: Т2 1+I & 1+ II (2.25)

 

Порто – Боависта (21.30 часот)

Порто го дели врвот со Бенфика, додека Боависта е 13-та и се бори за опстанок. Сепак, тука гостите нема што да бараат против четвртфиналистот во ЛШ, бодовите за спас треба да ги освојат на друго место. Порто има серија од девет победи по ред против Боависта со само еден примен гол во овој период од четири години.

Предлог тип: 1 & 0-3 (1.90)

 

Трабзонспор – Анталијаспор (19.30 часот)

Тимот од Трабзон има сезона од соништата, се наоѓа на четврто место и веројатно ќе игра во Лигата на Европа. Опасни се дома, од 13 меча, добија осум. Анталија е седма и има проблем со одбраната, пред победата над Аланија прими девет гола на две средби. Последните четири меѓусебни дуели завршија со 2-3 гола.

Предлог тип: 1 (1.60)

- Оглас -

Најнови вести