Традицијата вели дека овој меч вреди да се одигра ГГ4+

Хофенхајм и Баер Леверкузен вечерва треба да го комплетираат 28-мото коло во германската Бундеслига. За домаќините ова е разочарувачка сезона и по серијата од три порази на последните три меча, сега е во долниот дел од табелата и само на четири бода од зоната за испаѓање.

Баер Леверкузен се бори за место кое води излез во Европа за следната сезона, а Фармацевтите сезонава играат добро на гости и победија на шест од 13-те средби. Хофенхајм ја има петтата најслаба одбрана и тоа треба да е адут за гостите.

Кога ќе се погледнат меѓусебните дуели на овие две екипи, традицијата вели дека голови ќе има на двете страни. На шест од последните седум нивни средби било ГГ3+, а дури петпати во овој период било и ГГ4+. Затоа вечерва вреди да се „брка“ играта гол-гол 4+, а коефициентот во Sport Life за тоа е 2.55.

Последни седум дуели на Хофенхајм и Баер Леверкузен:

Баер Л. – Хофенхајм 4:1

Хофенхајм – Баер Л. 2:1

Баер Л. – Хофенхајм 0:0

Хофенхајм – Баер Л. 4:1

Баер Л. – Хофенхајм 1:4

Хофенхајм – Баер Л. 1:4

Баер Л – Хофенхајм 2:2

 

- Оглас -

Најнови вести