12.8 C
Skopje
понеделник, 10 ноември 2025

Трагедии во Торино, починаа двајца навивачи за време на мечевите од завршниот Мастерс

Историскиот момент и првото учество на двајца Италијанци на завршен тениски Мастерс, изгледа премногу ги возбудува љубителите на тенисот во оваа земја, па денеска во салата во Торино се случија две трагедии, починаа две лица.

На еден 70-годишен и еден 78-годишен човек, им се слоши додека гледаа врвен тенис, а подоцна починаа во болница. Едниот колабирал за време на мечот на Тејлор Фриц и Лоренцо Музети кој Италијанецот го загуби убедливо. Другиот добил срцев удар во фан зоната пред сала. Лекарите брзо интервенирале и се обиделе да ги спасат, но за жал, неуспешно.

- Оглас -

Најнови вести