Голема трагедија се случи во Бразил, а почина 22-годишниот фудбалер на второлигашот Гварани, Тијаго Кортес. Засега не се знае причината за смртта на младиот играч, кој заминал на терапија по повредата на коленото.
Одеднаш му се слошило и набрзо починал, објавија бразилските медиуми. Претходно, во консултации со клубот, 22-годишниот дефанзивец најавил дека ќе замине во посета на физиотерпевт за да ја продолжи рехабилитацијата по повредата на коленото.
„Скршени сме од болка. Рано изутрина Тијаго контактираше со нас, а попладнето ни ја јавија трагичната вест дека починал. Им изразуваме сочуство на најблиските и жалиме за загубата на млад живот“, изјави Тато Мореира, претседателот на Гварани.
Најавено е дека причината за смртта на Кортес ќе се знае по обдукцијата.