Мак-кошарката заедно со Гевгелија тагува за прерано згаснатиот живот на младиот кошаркар, Иван Пенов. Членот на Кожув загина во сообраќајна несреќа на патот Стар Дојран – Нов Дојран, откако возилото излетало од патот.
Пенов не ракувал со автомобилот, но бил со уште двајца сопатници во моментот кога визолото излеталот од коловозот. Пенов загинал на лице место, додека останатите патници се здобиени со тешки повреди и се пренесени во болница.
Кошаркарот имаше само 18 години и настапуваше во младинските лиги, а беше регистриран и во првиот тим на Кожув за актуелната сезона.