Трагедија во Мексико: Гром усмрти две фудбалерки, и тоа откако се вратиле да ги соберат топките

Еден меч од женската фудбалска лига во Мексико не го дочека крајот поради трагедијата која се случи во која загинаа две девојки, а три се тешко повредени. Додека се играло второто полувреме на мечот, започнало да врне пороен дожд, проследен со грмежи.

Сите актери на теренот веднаш се повлекле во соблекувалните, но пет фудбалерки се вратиле на теренот за да ги соберат топките. За жал, во тој момент кога повторно се појавиле на теренот, удрил гром. Сите пет фудбалерки биле префрлени во болница, но две починале, а останатите три се здобиле со сериозни изгореници по телото.

Оваа трагедија се случува откако во Мексико по неколку месеци конечно беше продолжено фудбалското првенство.

Ова е втор ваков инцидент за кратко време на фудбалските терени поврзан со гром. Неодамна на терен во Русија, гром удри во млад голман, но, за среќа, тој успеа да преживее, па дури доби и прв професионален договор со клубот. Несреќата во Русија беше фатена и на видеокамера и моментот кога громот удира во голманот може да го видите ТУКА.  

- Оглас -

Најнови вести