Ненадејно почина една од ѕвездите на рускиот футсал, Бразилецот Фелипе Алекс, известуваат локалните медиуми. Тој го напушти овој свет само на 32-годишна возраст, неколку часа по натпреварот на неговиот тим Норилск Никел.
Играчот починал на аеродромот во Ухта, каде што тимот гостувал во дуел за Купот на Русија.
Додека чекал да се качи на авион, на Фелипе Алекс му се слошило, а секунди подоцна паднал и си ја удрил главата од земјата. Според очевидци, прво му била направена срцева масажа, а потоа докторите на тимот се обиделе да го оживеат со дефибрилатор, но безуспешно.
Бразилецот остава зад себе сопруга и две деца.

