Трајче Сенев ќе проба да ја остави Брегалница во Првата лига

Искусниот стратег Трајче Сенев е нов тренер на Брегалница и до крајот на сезоната ќе треба да се обиде да се избори за опстанок во прволигашкото друштво, во кое Сините во моментов се на последно место на табелата.

Сенев се враќа во својата Брегалница, овојпат на местото на Горан Здравков. Тој во сезоната 2011/2012 исто така дојде како тренер среде сезона и успеа да го извлече најдоброто од Брегалница на крајот завршувајќи на петтото место.

Во својата кариера Сенев бил тренер и на Силекс, Кит-Го, Осогово, Кожуф.

„Искрено веруваме во овој тим на Брегалница, кој сигурно и согласно индивидуалниот квалитет може многу повеќе на домашната сцена. Убедени сме дека фудбалерите заедно со новиот стручен штаб ќе умеат да ја вратат Брегалница на вистинските патеки и на местото кое го заслужува во македонскиот фудбал“, порачуваат од ФК Брегалница по именувањето на новиот стручен штаб.

- Оглас -

Најнови вести