Трајковски, Барди и Милевски ќе добијат дипломатски пасоши

Селекторот Благоја Милевски, како и фудбалерите Енис Барди и Александар Трајковски ќе добијат дипломатски пасоши.

Ваквата вест ја соопшти министерот за надворешни работи, Бујар Осмасни.

„Како доказ за нивните успеси тие го заслужуваат овој пасош. Тие се нашите најголеми амбасадори и им посакувам многу среќа на средбата против Португалија“ кажа меѓудругото министерот.

Нашата репрезентација, во овие моменти престојува во познат хотел во Скопје, каде што максимално се фокусирани на средбата против Португалија која се игра во вторник од 20:45 часот.

- Оглас -

Најнови вести