Трајковски погоди директно од корнер, Хајдук го растури Фехервар на Серафимов (Видео)

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски постигна фантастичен погодок директно од корнер на пријателскиот меч против Фехервар. Трајковски фантастично го изведе корнерот, а топката откако ги прелета сите, заврши во мрежата на противничкиот голман.

Хајдук на подготовките во Умаг го победи Фехервар со 5-2, а за екипата од Унгарија стартер беше македонскиот репрезентативец Никола Серафимов.

- Оглас -

Најнови вести